ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зибери: Условите во затворите, нехумани

Зибери: Условите во затворите, нехумани

Во интервју за телевизија Алсат народниот правобранител Насер Зибер зборува за констатираните состојби во затворите ширум државата. Според правобранителот, постојат четири точки кои се најалармантни и во кои е неопходна интервенција за подобрување на состојбите – условите во затворските ќелии, пренатрупаноста на затворите, здравствената заштита, како и реформи во безбедносните протоколи, односно недостаток на затворска полиција. Со народниот правобранител разговараме и за најавите за укинување на балансерот, како и за најавената Комисија за соодветна и правична застапеност во Собранието која од оваа есен треба да започне со работа.

Advertisements

Вчера и в.д директорот на Управата за извршување на санкции зборуваше за условите во затворите, конкретно се осврна на затворот Шутка, условите ги опиша како крајно мизерни, која е оценката на народниот правобранител во поглед на условите во ќелиите во сите затвори, не само во оној во Шутка, каде е најкритично и што треба да се направи, односно да се интервенира за да се подобрат условите на затворениците?

Зибери: Скоро сите затвори во земјава се соочуваат со недостаток на сместувачки капацитети. Значи, прекубројноста на затворениците во затворите станува се посериозен проблем, а тоа посебно е нагласено во затворот Идризово, кој патем е најголемиот затвор во земјава каде се сместени половина од осуденичката популација, затворот во Шутка, како втор најголем затвор во земјава, но и другите затвори се соочуваат со прекубројност. Втор сериозен проблем се самите услови кои непосредно се поврзани со прекубројноста на сместените лица. Тие услови се под секое човечко достоинство и ние ги третираме како нехуман третман на државата кон затвореничката популација. Според меѓународните и нашите стандарди, капацитетот на сместување во еден затвор треба да биде минимум четири метри кубни за еден затвореник. Ние во одделни крила во затворот Идризово не обезбедуваме ниту еден метар квадрат или метар кубен за еден затвореник. Имаме случаи кадешто ист кревет користат двајца затвореници и се принудени во смени да спијат на истите. Спијат надвор, во ходниците, и во крајно нехумани услови. (од тука тука почнува делот од 3.37 минута) Четврт проблем со кој се соочуваат затворите е и недостатокот на соодветен кадар, почнувајќи од затворската полиција, од педагози, психолози, воспитувачи кои не се во состојбата да го одржат редот, дисциплината и мирот во затворите, а потоа и да пристапат кон работен аранжам и ресоцијализација. Затоа не случајно често се случуваат инциденти, тепачки помеѓу самите затвореници, или проблеми помеѓу затворската полиција и затворската популација. Меѓународните стандарди зборуваат за 1 затворски полицаец на 15 затвореници, ние имаме крила во затворот Идризово кадешто над 50 затвореници треба да ги обезбедува и чува еден затворски полицаец. Сето ова што го зборев создава едно крајна негативна оценка за состојбата во нашите затвори. Впрочем, констатација која е забележана и од страна на Комитетот за спречување на тортура на Советот на Европа, кој во неколку наврати укажува на состојбите во нашите затвори. Впрочем и оваа година беа на посета и ги посетија, меѓу другите и затворот Идризово.

Токму тоа можеби е причината и за бегствата коишто ги имаме. Еве последно во Шутка десет затвореници избегаа, четворица се вратија, шестмина не, значи потребна е одредена реформа и во безбедносните протоколи?

Зибери: Се разбира, недосттокот на доволен кадар, почнувајќи како што реков од затворската полиција создава простор и можности да не се изврши редовна контрола, прво за присуството, за работниот ангажман, за процесот на едукација и ресоцијализација и се што следи во еден процес на издржување казна затвор предвиден согласно законот за извршување санкции.Често пати не се води редовна евиденција за присуството на затворениците. Тоа посебно е присутно во полуотворените и отворените одделенија, бидејќи во отворените одделенија немаме присуство на затворска полиција туку тоа го прават лицата кои се задолжени за процесот на ресоцијализација, тоа се воспитувачи кои ги посетуваат овие казнено-поправни установи.

Господине Зибери во врска со најавите за укинувањето на балансерот, вчера и премиерот Мицкоски во одговор на новинарско прашање рече дека не е тоа само нешто што тие партија која е на власт го бараат, туку дека тоа било нотирано и од Европската Унија и дека го бараат и европските институции. Меџити пак претходно од коалицијата ВРЕДИ дека балансерот би се заменил со заменил со почитување на уставното начело за соодветна и правична застапеност на граѓаните припадници од сите заедници, кој е вашиот став по ова прашање?

Зибери: Уставот во своите основи и начела го гарантира правото на правична и соодветна застапеност на сите заедници, значи тоа не е прашање уредено со закон кое може да се сведи, укине надограде и така натаму. Ова е уставно начело и една од основните вредности на нашето уставно уредување. Балансерот е само инструмент преку кој се остварува ваквата определба во нашиот устав. Доколку идејата е да се поправи самиот инструмент балансер за да нема девијации при неговото спроведување јас тоа го поддржувам и на неколку пати во моите годишни извештаи за соодветната и правичната застапеност сум укажал да Министерството за јавна администрација и информатичко општество дотогаш., да најде инструменти да ги тенденциите за злоупотреба на балансерот со лажно изјаснување за етничката припадност во процесот на вработување во јавниот сектор. Тоа секако е нотирано и во извештајот на оценската мисија на ЕУ, но исто така должен сум да кажам дека извештајот не повикува на укинување на балансерот, таму само се нотирани овие слабости кои ги нотира и народниот правобранител дека ваквото спроведување на ваквото законско начело на балансерот за застапување на сите етнички заедници не ги дава посакуваните резултати. Заклучокот би бил дека Владата мора да работи на отстранување на дефектите кои се јавуваат со сегашната примена на ова начело.

До Наесен, односно откако пратениците ќе се вратат од одмор, ќе се формира ново собраниско тело, односно Комисија за следење на соодветна и правична застапеност. Сега тоа е нешто што веќе Народниот правобранител го работи, подготвува извештаи, што би било различно, што е она што она што можеби ова тело ќе го работи, а народниот правобранител не го прави или ќе се надополнуваат, како ќе оди тоа?

Зибери: Прво да објасниме дека ова не е постојано работно тело на Собранието туку е ад-хок тело за одреден период, кое ќе изготви извештаи, а извештајот мора да ги црпи податоците од Народниот правобранител, од Министерството за јавна администрација, од Агенцијата за администрација и други тела и тоа ќе биде за еднократна употреба извештај за да се направи еден преглед за состојбите и соодветно да се извлечат заклучоци каде треба да се подобри состојбата. Уставот наш има посебен орган кој се грижи за следење на состојбата за соодветната и правичната застапеност, а тоа е исклучиво институцијата Народен правобранител и затоа народниот правобранител изготвува годишен извештај за етничката, половата, квалификационата и секаква друга припадост и тој извештај секоја година Народниот правобранител го објавува со сите податоци за состојбите во јавниот сектор./Алсат.мк

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button