ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зијадин Села: Новиот поглавар на ИВЗ да стои настрана од политиката, досега работеа како изборен штаб на ДУИ

По изборите во ИВЗ, лидерот на Алијанса за Албанците, Зиадин Села, го повика новиот поглавар Шаќир Фетаху да стои на страна од политиката и да проповеда етика и морал. Села рече дека оваа институција досега работела како седиште на ДУИ.

Advertisements

„Поранешниот поглавар на ИВЗ знае подобро под чија контрола бил и што сторил. Скандал е кога политички субјект е вклучен и директно се меша во работите на институција која е уставно независна, државата е секуларна. Политичките субјекти мора да постапуваат во согласност со ова правило и да не се мешаат во работата на верските заедници. Знаевме дека Исламската верска заедница работеше како изборен штаб на Демократската унија за интеграција и тоа беше скандалозно.“

Од партијата на Ахмети не сакаа да ги коментираат ваквите тврдења, а во однос на изборите за нов поглавар наведоа дека тоа е внатрешна работа на ИВЗ.

„Изборите се внатрешно организациско прашање на ИВЗ и ние ја почитуваме автономијата на институцијата, како и волјата на верниците и лидерите на ИВЗ во согласност со прописите и уставот.

 За мешање на политиката во ИВЗ зборуваше и ВМРО-ДПМНЕ. Според опозицијата, самите изјави на Сулејман Реџепи јасно зборуваат за влијанието на власта во ИВЗ.

 Поранешниот реис на ИВЗ, Сулејман Реџепи пред неколку дена изјави дека секогаш ја држел страната на ДУИ. Исто така тој наведе и дека по барање на СДСМ и ДУИ на претседателските избори го поддржал Стево Пендаровски, нешто што од кабинетот на претседателот го демантираа.

Mefail Ismaili

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button