ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Зимски распуст; време и за читање на книги

Зимски распуст; време и за читање на книги

Основците најдоа различни начини како да го поминат зимскиот распуст. Многу од нив со нетрпение очекуваат да ги посетат своите баби и дедовци, додека  други ќе се занимаваат и со спортски активности

Advertisements

Библиотекарката Семран Сулејмани за Алсат изјави дека интерес за читање пројавиле и основците. Посебен интерес има кај учениците од второ одделение кои штотуку научиле да читаат и пишуваат.

„Освен лектирите кои им се задолжителни, најголем дел од учениците од основните и средните училишта, сакаат да читаат и други книги и да го поминат зимскиот распуст читајќи. Денес, 3 јануари, беше убав ден, имаше  многу работа. Тие се заинтересирани, особено второодделенците кои веќе научиле да читаат. Интерес има и од други возрасти. До 15 години, им се менува стилот и бараат различне стил на книги да читаат“, рече Семран Сулејмани, градска библиотека „Браќа Миладиновци“.

Основците и средношколците ќе се вратат на училиште на 18 јануари, порано од вообичаено. Од МОН велат дека учениците порано ќе се вратат во училишните клупи бидејќи пропуштиле повеќе денови од наставата поради празниците./Алсат.мк

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button