СПОРТФУДБАЛ

Зинченко: Во фокус ни e првиот меч со Романија, сакаме победа

Олександар Зинченко е еден од најквалитетните поединци во украинскиот состав. Дефанзивецот на Арсенал е оптимистички расположен во пресрет на првиот меч против Романија и изјави дека Украина сите противници ги третира со почит, но во исто време играчите веруваат во своите квалитети и во успешен настап на Европското првенство.

„Најважно е фокусот да ни биде на првиот меч со Романија. Сите силно посакуваме да ја прикажеме нашата најдобра игра и се надеваме на победа во првиот меч. Ја третираме Романија со иста почит како Словачка и Белгија, но во исто време знаеме дека сме квалитетен состав и свесни сме дека овој меч може да биде круцијален. Позитивниот резултат е императив и мораме да ги израдуваме нашите навивачи кои во голем број пристигнаа во Германија, изјави Зинченко.

Украина и Романија ќе ги одмерат силите во првиот натпревар од групата Е, кој ќе се одигра на 17 јуни, со почеток во 15:00 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button