СПОРТ

Златната Лига, Одбојкарите на Македонија вечерва во Осиек против Хрватска

Македонската одбојкарска репрезентација вечерва од 19 часот против Хрватска во салата „Градски врт“ во Осиек ги продолжува своите натпревари во Европската златна лига.

Иако македонските обојкари не зацртаа конкретен пласман во Европската златна лига, по квалитетниот турнир во Белгија, сите сакаат Осиек да биде круна на настапот во најсилното годишно натпреварување на ЦЕВ.

По двата пораза во Струмица од Естонија и од Чешка, македонската репрезентација влезе во вистински ритам и го совлада Азербејџан, а потоа беше на дофат на триумф против Белгија. Македонија на турнирот во Хрватска, вечерва игра со домаќинот, а в сабота (1. јуни) ќе се сретне со Шпанија.

Хрватите се амбициозни да го освојат златото и затоа се пријавија да го организираат завршниот турнир, а Шпанците досега остварија две победи на четири меча.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button