„Злосторниците“ со парите од УЈП си купувале станови, бесни коли…

Петнаесет лица осомничени за криминално здружување, даночно затајување и перење пари. Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција најави покренување истрага против 15 физички лица и 3 фирми под сомнение дека го оштетиле државниот буџет за 840 илјади евра. Меѓу уапсените е и поранешниот функционер на ДУИ, Исмет Гури, инспектор на УЈП и извршни директори на неколку фирми. Според обвинителството, осомничените формирале фирми преку кои вршеле проток на пари со лажни фактури и врз нивна основа барале враќање на данокот од УЈП.
„Тројца осомничени преку познавање од заеднички пријатели формирале група за криминална соработка. Улогите се поделени и секој користел свои врски, еден со искористување на врските со една компанија, другиот со ангажман да најде фиктивни компании, а третиот осомничен како вработен во УЈП, иако немал надлежност, редовно бил известуван од УЈП и бил запознат за фиктивен даночен поврат“, наведоа од ОГОКК.
Обвинителството понатаму тврди дека на осомничените им се придружиле и други лица со конкретни обврски, како што се подготовка на документација за формирање на компании, подготовка на документи за даночни пријави. Вклучена била и сметководителка која била задолжена да ја подготви потребната документација за УЈП, а двајца вработени во оваа институција биле задолжнени да ги одобрат барањата.
„Со цел да го сокријат потеклото на парите, осомничените издале над 24 милиони денари. Третиот осомничен пуштил дел од парите во оптек на име на неговиот син и во негов интерес. Потоа, на име на неговиот син, бил купен стан во вредност од 150 илјади евра, а во некои случаи заради купување и продавање на недвижен имот на сметка на осомничените, биле издавани пари во форма на кредити“, додаваат од ОГОКК.
Дел од осомничените си купувале и луксузни автомобили, разна роба, деривати и недвижности, поточно станови кои ги продавале меѓу себе. За време на операцијата ноќеска биле уапсени три лица, а претресени се седум локации. Полицијата соопшти дека за време на претресите била конфискувана и муниција.
Адријан Керими