Злоупотреба на европското знаме, Адеми ги негира обвинувањата на опозицијата

Шефот на пратеничката група на ДУИ, Арбр Адеми, кој е и претседател на Комисијата за европски прашања, при усвојувањето на предлог-законот ги отфрли обвинувањата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Благица Ласовска за злоупотреба на европското знаме. Според Адеми, предлог-законите со европско знаменце доаѓаат од Владата, а не од пратениците.
„Предлозите/законите со европски знамиња доаѓаат само од Владата, а не од претседателот на Комисијата за европски прашања, а не од пратениците. Пратениците немаат можност да предложат предлог/закони со европско знаменце. Но, кога ќе дојдат како такви од најголемиот предлагач, а тоа е Владата, кога ќе земам обврска од претседателот на Собранието, Комисијата за европски прашања како работно тело да ги разгледа, имам обврска да ги предложам на дневен ред, додека пратениците колективно со мнозинство гласови гласаат дали ќе го поддржат, или нема да поддржат ниту еден предлог-закон. Да го заокружиме, воопшто не е во моја улога како претседател на Комисијата за европски прашања, предлог-законот да има или не европско знаменце“, рече Адеми.