ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

„Знаењето“ , главен предуслов за вработување, додека да биде готов Законот за правична застапеност

„Знаењето“ , главен предуслов за вработување, додека да биде готов Законот за правична застапеност

И покрај фактот што правичната и соодветна застапеност на заедниците за време на вработувањето е уставна категорија, државата во моментов не одговара за тоа, бидејќи Уставниот суд го укина балансерот, единствениот инструмент кој ја балансираше етничката застапеност во администрацијата. Министерот за јавна администрација Горан Минчев денеска изјави дека до изнаоѓање ново законско решение, вработувањата ќе се вршат само врз основа на знаењето на кандидатите.

Advertisements

Минчев денеска изјави дека експерти работат на најавеното законско решение, но не даде детали што ќе содржи овој закон и во која фаза е.

Укинувањето на балансерот од страна на Уставниот суд создаде временски вакуум, во кој државата нема друг механизам за евиденција за застапеноста на заедниците во администрацијата. Коалицијата ВЛЕН најави дека се работи на новиот закон за правична и соодветна застапеност, што според нив ќе го унапреди балансерот. Дека ќе има закон потврди и премиерот Христијан Мицкоски, кој прв ја предложи идејата пред да биде одобрен да се испрати на разгледување до Венецијанската комисија. Но, и покрај бројните најави за овој закон, првата верзија, врз основа на која би се одржала јавна расправа, се уште не е подготвена./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button