

Алсат
11.03.2020 08:35
Видот е една од работите кои со текот на времето можат да се влошат. Во минатото не било толку изразено, но денес заради напредната технологија и користење на дигиталните апарати, бројот на луѓе кои се соочуваат со влошување на видот е драстично зголемен.
Леќите и очилата се начин да се превенира забрзаното влошување на видот, а како крајна мерка се смета ласерската операција.
Голем дел од луѓето, за жал, видот го земаат здраво за готово. Го сфаќаат како проблем во оној момент кога ќе стане проблем. Тоа е моментот кога се сфаќа важноста на видот. Едни од најчестите здравствени проблеми со кои се соочува човекот се конјуктивит, катаракта, делековидоност и кратковидност.
Треба да се напомене дека и покрај вештачкиот начин на поправка на проблемите со видот, постојат и природни начини кои позитивно влијаат на него. Тие можат да одземат повеќе време за разлика од конвенционалниот начин за решавање на проблемот, но резултатите се подолготрајни.
Исхрана
Штом се спомне исхрана и вид, веднаш се помислува на морков. Морковот е богат со витамин А и е одличен стимулатор за подобрување на видот. Што се однесува до останатите зеленчуци, за видот одлични се брокулата, кељ, спанаќ и зеленчук со темно зелена боја. Од овошјето треба да се консумира боровница, брусница и авокадо. Од рибата – туна, сардина, бакалар и лосос. Тие се богати со омега 3 масни киселини кои претставуваат хранлива состојка за нашите очи. Затоа е од голема корист да се јаде риба барем два пати во неделата.
Растенија
Гинко билбоа билката е одлична за видот, помага во спречување на дегенеративната промена на мрежницата и се смета за еден од најдобрите природни лекови. Самата билка делува на тој начин што ја подобрува очната циркулација и ги пренесува најголем дел од хранливите состојки дирекно до самата мрежница.
Што се однесува до останатите активности кои можат да влијаат на чување на видот, се препорачува помалку гледање телевизија, користење на мобилни телефони и гледање во компјутерски монитор. Дисплеј уредите ги заморуваат очите и влијаат негативно на нив.