ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЗНАМ и ВМРО-ДПМНЕ преговараат за коалиција на локалните избори

Партнерите во владината коалиција, ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ, водат преговори за меѓусебна поддршка на локалните избори, односно за поддршка на одредени кандидати во неколку општини. Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, најави дека утре ќе има средба со Максим Димитриевски, а во недела ќе се дискутира на Извршниот комитет на партијата.

Advertisements

Во меѓувреме, партијата ЗНАМ е оптимистична за постигнување договор. Иако преговорите сè уште не се завршени со ВМРО-ДПМНЕ, ЗНАМ уште на почетокот на јуни излезе со информација дека нивниот претседател Максим Димитриевски ќе се кандидира за втор мандат во Куманово, а целосно ќе имаат свој кандидат и за една општина во рамки на Град Скопје, но и на други места кои сè уште не се утврдени. Димитриевски претходно најави дека разговорите со партијата на Мицкоски се очекува да завршат до средината на месецот, а договорот е едноставен:

Неофицијално, ЗНАМ ја разгледува можноста да излезе со свои кандидати, кои би биле поддржани од ВМРО-ДПМНЕ, и во општините Центар и Кичево.

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button