ВЕСТИЗДРАВСТВО

Знаци на бременост – како да ги препознаете


Жените кои сакаат да останат бремени и се во исчекување може да се случи да ги почувствуваат сите симптоми на бременост, а сепaк тестот да биде негативен. На други пак, им се случува да не обрнуваат внимание воопшто или пак да се погоди бременоста да нема посебни симптоми и затоа жените да не се свесни за бременоста.

Но, постојат универзални знаци кои на една жена можат да и покажат дека е во блажена состојба.

Чувствителни брадавици и отечени дојки

Ова се чувствува приближно три недели по зачнувањето. Дојките ќе ги чувствувате како да сте пред менструалниот циклус.

 Грчење на матката

Да, може да се почувствува и ова, така што во моментот кога ембрионот влегува во матката да се случи и мало крвавење. Овој облик на крвавење се разликува од вообичаеното менструално така што има бледо-розова боја и прекинува веднаш.

Замор

Заморот е константен се чувствува и кога жената е одморена. Поспаност која тера на спиење. Причината за тоа е дека телото поминува низ промени и овој период обично трае до 12 недела.

Мачнина и повраќање

Утринските мачнини кај трудниците се јавуваат многу рано, понекогаш по една недела од зачнувањето. За волја на вистината не се само рано наутро туку можат да продолжат и во текот на денот, а најдолго траат во првото тримесечје.

Често мокрење

Ова е уште еден од знаците за бременост. Жената зачестено мокри, не само во текот на денот, туку и навечер.

Ова се некои од најчестите знаци кај жените кои се бремени. Последниот знак е тестот за бременост кој само ги потврдува вашите претпоставки.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button