ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ЗНМ: Медиумските работници, приоритетни за вакцинација против Ковид

Медиумските работници треба да бидат на приоритетната листа за добивање на вакцината против Ковид-19. Ова е проценката на Здружението на новинари на Македонија, според кое, новинарите се рамо до рамо со лекарите, полицијата, војниците и другите униформирани службеници кои секојдневно се соочуваат со пандемијата. Првиот човек на ЗНМ, Младен Чадиковски вели дека новинарите и снимателите се најдиректно изложени на ризик од инфекција со коронавирусот и оти добил ветување од Министерството за здравство оти ќе има приоритети при вакцинацијата.

Advertisements

 

Новинарот и публицистот Мирче Адамчевски вели дека работата во високоризични услови, исто така треба да биде и наградена.

 За време на пандемијата, стотици медиумски работници беа заразени со коронавирусот работејќи на терен, а некои и починаа. Според официјалните податоци, над 1000 активни вработени во приватни медиумски куќи во земјава во моментов се занимаваат со информирање на граѓаните за пандемијата.

Adnan Qaili

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button