ЗНМ реагира – новинари од Албанија и Косово со повластен третман во Собранието
ЗНМ реагира - новинари од Албанија и Косово со повластен третман во Собранието

Здружението на новинарите реагира во врска со, како што велат, поволниот третман на странски новинари во Собранието за време на расправата за избор на новата влада. По пријави упатени до ЗНМ за медиумското известување, четворица новинари биле привилегирани на сметка на новинарите од домашните медиуми. Според видеото и прилогот на платформата ИКС, на четворица странски новинари им било дозволено да седнат во дипломатскиот дел од пленарната сала, а биле и возени со службени владини возила, се вели во реакцијата на ЗНМ до претседателот на Собранието Јован Митевски. Новинарите од Косово и Албанија Берат Бужала, Адриатик Кељменди, Батон Хаџиу и Бленди Февзиу вчера беа сместени во фотелјите резервирани за странски дипломати во Собранието. Тие објавија и видео во кое јавно искажуваат пофалби за техничкиот премиер. „Оценуваме дека со ваквите постапки се создава преседан кој може да остави впечаток дека некој е привилегиран на сметка на друг во новинарската област. Во најмала рака, ваквиот третман ги понижува другите новинари и создава перцепција дека странските новинари се под влијание да известуваат во корист и интерес на политички партии во Собранието“, се вели во реакцијата на ЗНM.