Зоки Кичеец до полноќ треба да се пријави во Шутка

Зоран Милевски – Кичеец денеска треба да се пријави во затворот Шутка за да ја отслужи затворската казна од три години во случајот „Рекет“. Тој треба да се јави на затворската капија до полноќ. Кичеец е недостапен на телефон но за неколку медиуми потврдил дека нема да бара одлагање на казната и дека ќе се јави во затвор. Кичеец во „Рекет“ призна вина и доби три годишна затворска казна. Освен него осуден е и Боки 13 на девет години и поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева на седум години. Боки 13 неколку пати во текот на судскиот процес обвини дека Кичеец бил агент провокатор. Токму Кичеец ги организирал средбите помеѓу Боки и бизнисменот Орце Камчев од кого биле изнудени над еден милион евра за да помине полесно во случајот „Империја“ против него за перење пари.