

Алсат
30.01.2020 08:21
Замислете си дека го имате наместено алармот рано на сабајле за една сесија трчање пред да тргнете на работа. Но, кога ќе заѕвони во 6 наутро, едноставно топлината на вашата постела е премногу привлечна и никако да се откажете од неа, уште повеќе да го напуштите вашиот дом. Или можеби имате спакувано облека за вежбање со планови на кратко да повежбате после работа? А тогаш after – work забавата со понуда happy hour или можеби и вашиот персонален тренер, ве принудуваат повторно да го прескокнете вежбањето.
И тие со најискрени намери често се борат да се мотивираат себеси да вежбаат. Секогаш постои уште помоќното искушение дека постои нешто попаметно да се прави, или некаде да се биде…
Ова ви дава чувство на персонално разочарување, чувство дека одлуката да не вежбате едноставно е знак на “слаб” карактер, или слаба волја.
Може да престанете се оптоварувате себеси. Можеби се предавате себеси на еволуциониот инстинкт на човештвото да се биде мрзлив.
Барем тоа е теоријата на еден професор на Харвард кој верува дека нашите предци трошеле енормно количество енергија ловејќи и собирајќи храна, што користеле секаква прилика да најдат одмор. “Ние сме предодредени да сакаме да ја сочуваме нашата енергија.”
Некои истражувања покажуваат дека ако личноста во минатото имала негативно искуство со физичка активност нема да сака да се врати на истата, секогаш ќе има одбивност и потешкотии во пристапот.
Треба да се знае дека не е страшно ако се прескокне некое час по вежбање, бидејќи тоа е сосема нормална човечка реакција заради која не треба да се чувствувате виновни и да се казнувате себеси потоа.
Потребно е луѓето да учат многу повеќе за физичкото образование во текот на целиот живот за да можат да изградат став и однос кон него, а во иднина да го подобруваат се повеќе. Само така ќе се изгради здрав однос кон вежбањето, а со тоа и кон животот воопшто.