ЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА
Зошто на официјалната страница на Министерството за здравство ја нема биографијата на министерот Сали, еве го неговиот одговор

Недостасува биографијата на министерот Беким Сали на веб-страницата на Министерството за здравство, но и на онаа на владата и покрај тоа што тој го води овој ресор од средината на јануари. На прашањето зошто ја нема неговата биографија, министерот Сали одговори.
„Заради работната динамика што ја имаме во министерството, не успеав да направам унифицирана слика како сите други министри што ја објавија, не ја знам другата причина зошто моето CV го нема на веб-страницата на Владата. Јас од првиот ден сум во битка со короната. Се трудам да бидам брз и прецизен во тоа и ова со CV-то не го знам, можеби не му дадов големо значење“, изјави Беким Сали, министер за здравство.