МАКЕДОНИЈА
Зошто на Стразбур му требаа 5 години за аболициите на Иванов?

Поранешната судијка од земјава во Судот во Стразбур, Мирјана Лазарова Трајковска, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат објасни зошто одлуката по предметот за аболициите од екс претседателот Ѓорге Иванов, којшто беше пратен на разгледување во 2017 година, беше објавена дури вчера.
„Овој предмет, уште кога стигнал, поради својата комплексност и значајност, го покренал сензибилитетот во однос на пристапувањето и Судот го ставил во предметите кои ќе чекаат да бидат обработени во Совет од седум судии. Затоа малку подолг временски период за да биде земен за работа“, вели Лазарова Трајковска.