ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зошто не се сеќаваме на работите од времето кога сме биле бебиња


Поголем дел од луѓето немаат никакви сеќавања во првите 3 до 4 години од животот, а се сеќаваат на многу малку настани до 7та година.

Овој феномен во медицината се нарекува детска амнезија и е состојба која ги мачи научниците повеќе од 100 години, бидејќи се уште немаат конкретно научно објаснување за тоа.

На прв поглед се чини дека причина за тоа е фактот што бебињата немаат развиено памтење во раната фаза од животот. Меѓутоа, експериментите докажале дека децата од 6 месеци можат да формираат краткотрајна меморија од неколку минути, но и долготрајно сеќавање кои може да трае до неколку недели.

Бебињата можат да запаметат како да го стартуваат електричниот воз со притискање на едно копче и да го повторат тоа после 3 недели. Децата во претшколска возраст  можат да се сетат на настани стари една година кои се поврзани лично со нив и кои се случиле на специфични места во конкретни моменти.

Способноста за паметење кај луѓето се развива до периодот на адолесценција и оваа промена во развојот на мозокот најблиску го објаснува феноменот на детската амнезија.

Границата до која се протегаат сеќавањата наназад е до три години, а се поместува како што старееме. Децата и тинејџерите можат да се сетат на настани од раните години, но како што поминува времето се чини дека станува се потежок тој процес.

Уште еден фактор кој има влијание на памтењето е јазикот. Во периодот од првата до шестата година, децата учат да говорат, напредуваат од познавање на еден збор до течно зборување на мајчиниот јазик. Овој период всушност се поклопува со периодот на детска амнезија. Тогаш се учи зборувањето во минато време и зборовите поврзани со тоа како ‘запамти’ или ‘заборави’.

Како и да е, доколку успеете да се сетите на настани од времето на вашето детство, вие ќе бидете побогати за еден спомен плус кој ќе ви значи многу подоцна во животот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button