Зошто мнозинството Македонци во анкетата „Еврометар“ сметаат дека членство во ЕУ не би било добро за државата?

Извршниот директор на центарот за европски стратегии, „Евротинк“, Димитар Николовски, во своето вечерашно гостување во емисијата „360 Степени“ на Алсат, анализирајќи ги последните резултати од нивното истражување оценува дека помалото расположение кај Македонците во однос на Албанците за прашањето – Дали членството во ЕУ е добра работа за државата, го поврзува со прашањето за идентитетот, што посебно се наметна откако почнаа проблемите со Бугарија.
„Ако бараме некоја причина зошто преовладува ваквото чувство кај Македонците, во едно прашање ги прашуваме – ако би се одржал референдум за влез во ЕУ, како би гласале, иако мнозинството кажуваат – да, кога ќе се прашаат оние што се против, број еден причина е губење на националниот идентитет. Така што ова можеме да го поврземе со прашањето со Бугарија“, рече Николовски.