ВЕСТИЗДРАВСТВО

Зошто „пукаат“ брачните заедници?

Податоците на Државниот завод за статистика(ДЗС) покажуваат дека во државата имаме помалку склучени бракови, но и повеќе разводи. Бројот на склучените бракови во 2023 година, во споредба со претходната година е намален за 1.6 отсто  и изнесува 12.672 бракови. Бројот на разводи во 2023 година бележи зголемување од 9.4  отсто во споредба со 2022 година и изнесува 1.765 разведени брака. Психологот Јасмина Јовческа вели дека има повеќе причини поради кои луѓето се разведуваат.

„Разводот е голем стресоген фактор за понатамошно функционирање, особено кога е основано семејство, се стекнувал заеднички имот и се одгледувале деца. Иако најчеста причина зошто се стапува во брак е основање на семејство, љубов кон партнерот со кој се во врска особено ако таа врска е долга, но некои стапуваат во брак и заради финанскиска сигурност како мотивирачки фактор, но и потребата и желбата за придружник. Не е исклучен фактот дека се стапува во брак заради правни и општествени причини, но и семејни притисоци. И оттука најчеста причина за развод е токму и онаа поради која се стапува во брак, т.е  бараме партнер со кој ќе бидеме едно цело, а всушност сме две посебни индивидуи кои прифаќаат сличности и разлики. Дел од причините за развод е и избрзано донесување на одлука за стапување во брак пред да се запознаат партнерите, различните навики и неприфаќање на различноста на партнерите меѓусебно, со губење на емпатија и низок степен на толеранција, несогласувања кои водат до нарушена комуникација помеѓу партнерите, изневерување, различни облици на физичко, психичко и емоционално насилство. Самата оттуѓеност, брзото темпо на живот кое носи стрес, а сè повеќе прифаќање на европските „модерни вредности”, па дури и социјалните мрежи се дел од причините за разнишување на брачната заедница“, вели психологот.

Извор: Фокус
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button