ВЕСТИЗАБАВА

Зошто викендот ни лета многу брзо?

Сте се запрашале некогаш зошто викендот ни „лета“ многу брзо?

Според Дејвид Иглман, професор на Универзитетот во Стенфорд и автор на книгата „The Brain: The Story of You“, потрагата по нови активности и искуства е најдобар начин да го „развлечете“ времето. Многу е важно мозокот да ги сфаќа работите како нови. Кога го поминувате времето правејќи нешто непознато, вашиот мозок се фокусира на повеќе информации поврзани со таа активност, создавајќи нови сеќавања. Кога ќе се потсетите на тоа искуство или ситуација, добивате впечаток дека имате или сте имале повеќе време.

Така што ако имате рутина секој викенд, нема да има на што да се сеќавате и нема да знаете како сте го поминале утрото, па дури и остатокот од денот.

Иглман рутината ја поистоветува со долго топло и досадно лето, кое ви ја убива желбата за живот.

Тој вели:

„Кога сте мали, сè ви е ново и создавате нови спомени. Затоа, кога ќе дојде крајот на школското летото, ви се чини дека било навистина долго бидејќи сте имале многу нови активности, случки и моменти за паметење. Но, кога сте стари, се чувствувате како да сте виделе сè и времето ви лета.“

За среќа, потрагата по нови искуства за време на викенд или одмор не е нешто на кое не може да се работи. За да излезете од рутината пробајте да направите листа на активности кои што ќе ги имате.
Одете некаде на викенд, уживајте во природата во секое годишно време.

Ако останувате дома, тогаш направете си распоред на обврски и задоволства.

Пробајте некое ново место за кафе, за храна, некој нов ресторан.

Поентата која сака да ја истакне професорот е да не правите исти работи. Немојте никогаш да одите на исто место на летување и зимување, немојте секогаш да пиете кафе на исто место. Ќе ви стане рутина и ќе престане да ви биде интересно.

Новите работи создаваат нови сеќавања.

Извор: hybrid.mk

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button