СПОРТ

Зверев против Каспер Руд за пласман во финалето на турнирот во Париз

Германскиот тенисер Александер Зверев се пласира во полуфиналето на Ролан Гарос, откако со 3-0 во сетови, односно 6-4, 7-6 и 6-4 го совлада Алекс де Минор. Зверев во првиот сет направи брејк во третиот гем, но потоа следеше одговор од Де Минор. Сепак, германецот уште еднаш му го одзема сервисот и славеше со 6-4.

Голема драма беше забележана во вториот сет во кој Де Минор имаше предност со 4-0, но потоа Зверев успеа да направи пресврт и да слави со 7-6.

Третиот сет беше идентичен како првиот и заврши во корист на Зверев кој се пласира меѓу четирите најдобри играчи на турнирот.

Зверев ќе се бори против Каспер Руд за пласман во финалето на турнирот во Париз, додека од другата страна, Алкараз ќе се обиде да сопре Јаник Синер, в второто полуфинале.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button