ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

100 милиони евра за вкупно 357 проекти

100 милиони евра за вкупно 357 проекти

Општините изразија голем интерес за реализација на инфраструктурни проекти со пари од државниот буџет. На јавниот повик за финансирање се пријавиле 80 општини со околу 357 проекти. Доделените средства со ребалансот на буџетот изнесуваат 100 милиони евра. Министерот за локална самоуправа рече дека сите општини го искористиле овој повик со поднесување на апликации со повеќе проекти.

Advertisements

Министерот рече дека апликациите се разновидни. Апликации има за патна инфраструктура, за реконструкција на водоводни мрежи, за канализациони системи за набавка на транспортни возила. Но, бидејќи средствата од овој повик се наменети само за подобрување на инфраструктурата, апликациите за купување возила за јавен превоз или противпожарни возила најверојатно ќе бидат одбиени.

Засега не се знае колкава е вредноста на парите што општините ги побарале досега, но министерот потврдува дека тие ја надминуваат предвидената сума од 100 милиони евра. Процедурата за евалуација продолжува, а до крајот на месецот се очекува да заврши целата процедура и да се знае кои проекти ќе се финансираат од државни пари. Министерот Перински предупреди дека од следната година ќе има дополнителни средства за општините во износ од 250 милиони евра и за оваа фаза ќе има нов оглас./Aлсат.мк

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button