ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Поранешниот премиер Владо Бучковски е назначен од Владата за специјален претставник за Бугарија

Поранешниот премиер и лидер на СДСМ, Владо Бучковски, е именувабн од Владата за специјален претставник за Бугарија. Владата потврдува за Алсат дека преговара со Софија за заеднички акционен план за спроведување на договорот од 2017 година, но надвор од рамката за преговори.

ВИЗРТ – Влада: „Владата останува посветена на разговорите со Бугарија за отворени прашања. Продолжуваат контактите и размената на идеи меѓу двете влади. Станува збор за развој на повеќе идеи со цел да се врати довербата во Договорот за пријателство, особено во смисла на зајакнување на довербата за неговата ефикасност и функционалност “.

„Таквата идеја е на пример можноста за усогласување на заедничкиот акционен план, прифатлив за обете страни, чија улога ќе биде строгото следење на спроведувањето на обврските од договорот“, рекоа од Владата.

Од Владата сепак, не ја исклучуваат можноста напорите да пропаднат, нагласувајќи дека „Владата продолжува силно со реформската агенда дома, додека преговорите со Унијата ќе започнат кога ќе се создадат услови за ова“.

Од друга страна, иницијативата на опозицијата да донесе национален став во однос на Бугарија на крајот не успеа. Претседателот на Комисијата за надворешна политика од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошовски истакна дека неподготвеноста на пратениците за национален консензус е показател дека владата води тајни преговори, на штета на државните интереси.

Поради бугарското вето, ден претходно Советот на амбасадорите на ЕУ не успеа да изготви рамка за преговори за земјата, а конечната одлука ЕУ ќе ја донесе на 8 декември. Софија го условува почетокот на разговорите со ЕУ и инсистира на јазичната формулација во согласност со Договорот од 2017 година, со прецизни рокови  за спроведување на договорот и негирање на македонското малцинство во Бугарија.

Anesa Salihu

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button