ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Првите три месеци од мандатот беа предизвикувачки за Министерството за образование

Првите три месеци од мандатот беа предизвикувачки за Министерството за образование. Откако пропадна идејата за национална платформа за учење на далечина, Министерството за образование уверува  дека учебната година се развива успешно, преку методите што се во тек. Според оваа институција, сите ученици се вклучени во образовниот процес.

Министерство за образование и наука

„Сите ученици се вклучени во образовниот процес, преку еден од моделите понудени за посетување на настава (со физичко присуство или учење на далечина – преку Интернет/печатени материјали/следење на 15-минутни часови на МТВ… На ниво од целата држава, над 90% од учениците успешно ја посетуваат наставата. ”

Но, националната платформа за учење на далечина, која сега е напуштена и не се спроведува, беше помпезно промовирана во средината на септември. Министерката за образование Мила Царовска во септември не само што веруваше дека националната платформа ќе биде успешна, туку исто така веруваше дека ќе помогне во понатамошниот развој на образованието дури и по пандемијата.

Во областа на образованието, Владата вети и детална анализа на резултатите од тестот ПИСА, во првите три месеци од мандатот. Меѓу другото, се ветуваше сличен национален тест секое полугодие.

Владина програма

„Ние ќе организираме слични тестови како ПИСА во секое полугодие и во секое училиште. „Овие тестови ќе бидат анонимни и нема да влијаат на оценувањето на учениците или наставниците, но ќе им помогнат на училиштата и педагошките служби да подготват конкретни мерки за подобрување на образованието во секое училиште.

Но, очигледно е дека овој тест нема да се направи за првото полугодие од оваа учебна година.

Министерство за образование и наука

“Во 2021 година ќе се спроведе национален тест на кој резултатите од истиот ќе помогнат во креирањето на образовните политики.”

Министерството за образование вели дека во соработка со вклучените страни е во консултација и подготовка на современ образовен концепт, што подразбира суштинска промена на училишниот и дидактичкиот материјал. Целта, според нив, е да се откажат од националниот начин на фактографско учење и да се премине во образованието што создава граѓани кои размислуваат критички и логично. Реформираниот концепт, според МОН, се очекува да се примени во учебната година 2021-2022 година.

Fatlume Dervishi

..

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button