СПОРТФУДБАЛ

Покрај големиот број на заинтересирани клубови, Вирц останува во Леверкузен

Младиот играч за врска на Баер Леверкузен, Флоријан Вирц, игра уште една силна сезона, но се чини дека тоа нема да му донесе трансфер во поголем клуб следното лето.

Неговиот татко Ханс-Јоаким Вирц, кој е и негов агент, изјави дека во оваа фаза германскиот репрезентативец повеќе би сакал да остане со „аспирините“ и следната сезона.

„Во моментов, сѐ укажува на фактот дека Флоријан и следната сезона ќе биде во Леверкузен“, изјави Ханс-Јоаким Вирц, цитиран од „Скај Спортс“.

20-годишниот талент има шест гола и 10 асистенции на 19 натпревари за Баер Леверкузен од почетокот на сезоната. Тој го имаше своето деби во Бундес-лигата само неколку дена по неговиот 17-ти роденден.

За него се заинтересирани клубови како Баерн Минхен, Ливерпул, Манчестер Сити и Челси.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button