ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

17 октомври се шпекулира како можен датум за одржување на локалните избори

17 октомври се шпекулира како можен датум за одржување на локалните избори, но тој не е потврден од партиите. Претседателот на Собранието Талат Џафери на средба со новинарите најави дека ќе ги распише изборите на лето, согласно законските рокови. Според Изборниот законик, редовните локални избори треба да бидат распишани во последните 90 дена од мандатот на градоначалниците и советниците, но не помалку од 70 дена пред истекот на мандатот, а според претходниот политички договор, единствените можни датуми се 17 и 31 ноември. Мандатот на некои градоначалници беше потврден на 18 октомври 2017 година, а на други на почетокот на ноември истата година. Ова значи дека мандатот на советниците и на некои од градоначалниците им завршува на 18 октомври. Ова, според претседателот на Собранието Џафери, ќе се земе предвид при одредувањето на датумот на изборите. Доколку изборите се одржат на 17 октомври, неколку дена од кампањата ќе се совпаднат со пописот на населението што е предвидено да се одржи во септември.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button