3.000 квадратни метри узурпирано државно земјиште во Тетово

Општинскиот инспекторат во Тетово наложи узурпаторот на 3.000 метри квадратни да го ослободи имотот, но всушност при контролата на ова земјиште наишле на закупец. Државното земјиште кое со години го окупирале, го издавале без никаков правен акт. Инспекторатот им даде ултиматум до петок да го напуштат земјиштето.
„Имате два дена да заминете одовде, треба да се отстрани и такси-базата. Во петок наутро се да биде чисто“.
„Доколку не си заминат, по вторпат издадено барање, до утре ќе бидеме принудени да ги протераме со помош на полицијата бидејќи оваа парцела е во сопственост на општина Тетово. По увидот на инспекторатот видовме дека немаат никаков писмен договор за користење на просторот со оние кои се јавуваат како узурпатори и знаеме дека оваа парцела е во сопственост на општина Тетово“, рече Арменд Салихи, началник на општинскиот инспекторат.
Се обидовме да го контактираме сопственикот на фирмата за да видиме дали има договор за закуп и со кого е склучен договоро,т бидејќи местото е на општината, но не добивме одговор.
Еден од вработените во фирмата кој вели дека го изнајмува местото одби да се појави пред камерите, но зад камерата рече дека немаат никаков договор за изнајмување за ова место.
Закупец: „Почна да се чисти, отстранети се автомобилите што беа тука со дефект.
Новинар: Дали имате договор со некој за користење на местото?
Закупец: „Не знам, немаме. Само што доаѓам на работа и не знам дали ќе успееме до утре. Го користиме местото веќе една година и повеќе“.
Покрај истрагата што беше отворена против двајцата обвинети за обид за узурпација на земјиште, вчера по полициската контрола, истрага беше отворена и против 62-годишниот З.К., кој понатаму во истрагата се јавува како корисник или закупец на ова земјиште без никаква документација. Првиот човек на општината Билал Касами рече дека земјиштето е незаконски одземено од организирана криминална група во чија структура има и вработени од претходната општинска администрација, судски службеници и геодети.
Башким Сулејмани