МАКЕДОНИЈА
35-годишен велосипедист тешко поведен во Скопје по удар од автомобил

Вчера во 18.30 часот било пријавено дека на крстосница на ул.„1“ со ул.„2“ во с. Бразда, скопско, патничко возило „фолксваген пасат“, со непознати регистарски ознаки, удрило во велосипед, управуван од М.Н.(35) од Скопје, по што го напуштило местото на незгодата, информираа од МВР.
Во незгодата велосипедистот се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од екипа од СВР Скопје и се работи на расчистување на случајот.