ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

53 нелегални коцкарници, ќе бидат затворени

53 нелегални коцкарници, ќе бидат затворени

Згаснуваат со работа најактивните 53 нелегални онлајн коцкарници. Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, вели дека го потпиал првиот налог за забрана на нелегални приредувачи на онлајни игри на среќа, кој го испратиле до Агенцијата за електорнски комуникации и тие треба во рок од пет дена да го препратат до телеком оператори во државава и тие веднаш да ги забранат.
Целта на затворањето на нелегалните онлајн коцкарници е да се заштитат личните податоци и парите на граѓаните кои можеа да бидат злоупотребени.

Advertisements

„Целта на затварањето се две клучни цели се исполнуваат со оваа активност со измените на законот. Првата е да бидат граѓаните сигурни и безбедни доколку сакаат да играат игри на среќа и да имаат контрола на тоа кој игра игри на среќа, во смисла да не е дозволено игри на среќа на малолетници спротивно на правилата и без заштита на личните податоци. И вториот елемен е буџетскиот елемент, поради тоа што ниту еден од приредувачите игри на среќа онлајн нема приредено валидна лиценца и поради тоа што нема добиено валидна лиценца практично не уплаќаат никаков данок. Тие се во црната зона, односно сите средства кои што се испраќаат на овие нелегални приредувачи на игри на среќа завршуваат на нивните сметки, а ниту денар не завршува во буџетот на државата“, рече Стефан Андоновски – министер за Дигитална трансформација.

Андоновски вели дека ова нема да биде последна акција за борба против нелегалните онлајн коцкарници, додава дека подготвуват и втора акција за уште дополнителни 160 затварања./Алсат.мк

Ангел Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button