МАКЕДОНИЈА

55 санкции за пребрзо возење на подрачјето на Велес

На територијата на СВР Велес спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санционирани се 55 возачи. Од нив две возила се движеле со брзина над 70 километри на час повеќе од дозволеното. На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.

Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови.

Од МВР апелираат до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да се зголеми безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта./MИA

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button