ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Одложен е почетокот на судењето за Мерко

Одложен е почетокот на судењето за Мерко

Рамиз Мерко, кој денес требаше да седне на обвинителна клупа за случајот со набавката на луксузното ауди А6 од 70. 000 евра и на уште три други автомобили за потребите на општината, не се појави во судница во струшкиот основен суд. Не дојде ниту неговиот адвокат, Игор Петковски. Почетокот на судскиот процес по барање на одбраната е одложен, поради увид во предметот, кој бил обемен.Казната затвор за ова дело е од една до пет години.

„Обвинителниот акт е за дело злоупотреба на службената положба. Ние сметаме дека има дело. Ќе го подржиме обвинителниот предлог поднесен од ОЈО Скопје“, рече Никола Јолевски-јавен обвинител.

Во обвиниението против Мерко стои дека набавката била направена во време кога општината била со блокирана сметка.

„Спротивно на начелата на законитост и интегритет, како и во спротивност на јавниот интерес, во услови кога општината имала неподмирени долгови и блокирана жиро сметка, обвинетиот набавил четири моторни возила во вкупна вредност од околу 114000 евра, со што прибавил имотна корист за носителот на јавната набавка“, соти во ОБВИНИТЕЛЕН АКТ.

Адвокатот Петковски, вели дека уште на 18 април побарал увид во предметот и добивање на доказите, но не ги добиле од технички причини.

„Целта не ни е да го одлагаме, туку целта ни е кога ќе ги погледнеме доказите на обвинението, да спротиставиме докази на одбраната со кои ќе ги оспориме тие докази и ќе ја докажеме тезата дека никаква одговорност не постои кај градоначалникот по однос на оваа работа “, изјави Игор Петковски-адвокат на Рамис Мерко.

Судскиот процес за луксузното аудио за се уште актуелниот струшки градоначалник на Струга, Мерко се одлага за 3 јуни.Судењето доаѓа речиси 10 месеци, откако Мерко беше ставен на американската црна лита и прогалсен за персона нон грата од Американскиот Стејт департмент.

Мерко во судница треба да се појави и на 22 мај за друго дело, Обвинителството отвори предмет и за незаконско поставување на в,д директор во Основното училиште во селото Лабуништа./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button