ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Околу 300 доктори-Албанци, заминале од државата за пет години

Околу 300 доктори-Албанци, заминале од државата за пет години

Eдна од причините поради кои здравствените работници го напуштаат македонското здравство, е и преобемната документација со која се занимаваат наместо да го работат она за кое се платени, велат од Здружението на лекари Албанци во Македонија.

„Една од причините е преголемата документација што ја имаат за која ние сме во постојани разговори со сите здравствени чинители и властите во државата, кои ги прават здравствените политики, министерството за здравство, фондот за здравство, за да можат тој момент да се избегне колку што може повеќе и докторите да си ја работат работат за која што се платени.Значи да работат повеќе праксата отколку да се занимаваат со таа преобемнадокументација, која некогаш е и неминовна. Мислам дека се овие тие моменти што ги тера докторите да си одат“, рече Беким Исмаили-Здружение на лекари Албанци.

Според Здружението на лекари Албанци, во последните 5 години, државата ја напуштиле повеќе од 300 лекари Албанци.Не само млади лекари си одат и оние во подминати години, како и друг медицински персонал.

„Очигледно е дека фалат доктори. Согласно официјалните статистики повеќе од 70% на пациентите се лекуваат во државна болница во Скопје. Ние ќе спречиме миграција, ако им дадеме на луѓето работа и можност да се едуцираат.Мора нешто да направиме, некакви поместувања и околу образованието.Ние порано имавме 4 години специјализација и 2 години супспецијализација“, додаде Калина Гривчева Старделова-претседателка на лекарска комора.

Но трендот на заминување на лекари и друг медицински персонал е присутен во цела Европа велат од лекарските здруженија. Но во држави како Македонија заминувањето на лекарите може да биде причина и за затворање на некои одделененија./Алсат.мк

Мики Трајковски

 

 

 

 

 

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button