ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВРЕДИ, утре поднесува кривчна пријава за „бугарскиот воз“ во Липково

ВРЕДИ, утре поднесува кривчна пријава за „бугарскиот воз“ во Липково

Коалицијата ВРЕДИ подготви кривична пријава против член на избирачкиот совет на избирачкото место број 1112/1 во Липково, по сомневањата дека на ова место има таканаречен „бугарски воз“. Според адвокатот на ВРЕДИ, Абедин Абдули, тужбата против членовите на ова избирачко место ќе биде поднесена во текот на утрешниот ден.

„Кривичната пријава ја подготвивме, но поради празниците не успеавме да ја поднесеме, па ќе ја пуштиме утре. Кривичниот предмет е против лицето Алисан Рамани, кој како член на избирачкото место 1112/1 во општина Липково сторил прекршување на изборниот процес, односно дал повеќе од едно гласачко ливче на одредени лица кои дошле да гласаат“, рече Абедин Абдули, адвокат на коалицијата ВРЕДИ.

Абдули вели дека избирачките совети треба да го почитуваат Изборниот законик, во спротивно ќе се соочат со слична процедура.

„Најпрво ги повикувам и ги молам сите членови на избирачките совети да бидат многу внимателни во изборниот процес и да се придржуваат до правилата и законот бидејќи казните за нарушување на изборниот процес, особено од страна на членовите на изборните комисии, се многу високи. Делото за кое ќе поднесеме кривична пријава предвидува најмалку пет години затвор, затоа мора да бидат многу внимателни во чекорите што ќе ги преземат бидејќи ќе одговараат во правна држава која ќе функционира по 8 мај“, нагласи Абедин Абдули, адвокат на коалицијата ВРЕДИ.

ДИК со мнозинство гласови ги разреши сите членови на ова избирачко место откако Управниот суд ја прифати тужбата на кандидатот Арбен Таравари и го укина избирачкото место 1112/1 во Липково. Според приговорот на ВРЕДИ, во ова избирачко место податоците на запишаните гласачи и гласачките ливчиња во кутијата не се совпаѓале.За време на изборниот ден опозицијата обвини за кражба на гласови, поточно за методот наречен „бугарски воз“ на ова избирачко место./Алсат.мк

Башким Сулејмани

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button