ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

7-годишно дете го загуби животот, а неговата мајка е повредена во пожар во стан во Гостивар

Пожарот кој избувна во стан во Гостивар беше фатален за 7 годишно дете, додека неговата мајка се здобила со повреди и била онесвестена. Според првичната истрага на Обвинителството во Гостивар, детето не можело да се спаси од пожарот, бидејќи во моментот кога избил тој бил врзан за нозе.

“Првичните сознанија на лекарскиот тим на лице место упатуваат на тоа дека детето за време на пожарот било врзано со ланец на нозете. Обвинителството ги презема сите дејствија за утврдување на евентуална кривична одговорност. Наредено е извршување на обдукција на телото на детето и се врши разговор со сведоците на настанот. По наредба на јавен обвинител се работи на собирање докази од местото на настанот кои би помогнале во разјаснување на причината за пожарот“.

Трагедијата се случила на улицата Вардар во раните утрински часови, а први пламенот го забележале случајните минувачи кои повикале пожарна. Според информации од СВР во опожарениот стан живеело шестчлено семејство, но во моментот на пожарот во станот биле само мајката и сега настраданиот син.

“Немало други станови опфатени од пожарот, бидејќи ние стигнавме навреме и го локализиравме пожарот брзо. Постоеше опасност од пожарот да бидат опфатени и други станови“.

На местото на настанот заедно со обвинителството излезе и истражен тим од Гостивар и Скопје. Во следните денови се чекаат точни информации за причините за пожарот, за кој неофицијално се зборува дека причина била електрична греалка.

Bashkim Sulejmani

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button