ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Пропаѓа ветувањето за нова болница во Кичево

Не само што проектот за нова болница во Кичево е далеку од реализација, туку објектот е во истата лоша состојба каква што Алсат го затекна уште во октомври минатата година. Работите не се мрднати од мртва точка, а кичевчани велат дека и она што е направено пропаѓа или е мета на постојани кражби.

„Кабли коишто висат, расфрлан градежен материјал, уништено и она што досега е направено. Ваква е сликата каде со години се најавува дека ќе биде сместена новата кичевска болница. Но, засега како што стојат работите, од ветувањата на сите политички гарнитури досега, кичевчани ќе треба да чекаат подобри времиња.“

Граѓаните велат дека новата болница треба да најде посебно место во учебниците по историја, исто како и неизградената пруга кон Бугарија.

„…Верувате ли дека оваа болница во блиска иднина ќе стане реалност за Кичево? Сум размислувал, но не верувам. Некаде 1997 година се почна, па сега гледајте колку 30 години се поминати од почетокот.“

„Мислам дека се распаѓа веќе. Тоа што беше поставено радијатори, прозори, тоа сè се искраде. До кога ќе биде не знам, врсник е со мене скоро…“

Во меѓувреме повеќе од 60.000 жители на Кичево и околината се лекуваат во несоодветни услови. Некои од болничките оддели се изградени во 1938 година.

„…Искрено имавме надеж и верувавме дека ќе се заврши изградбата на новата болница, но сега со Ковид инфекцијата не знам колку ќе биде реализиран овој проект…“

Од управата на болницата немаат информации кога ќе биде завршен новиот објект. Врз него нема градежни активности уште од 2016 година, а досега се потрошени околу 3,5 милиони евра.

Станко Трпески-директор на општа болница Кичево 6.08/6.29

„Тоа би се обратиле до Министерството за здравство. Во моментот не можам да коментирам за новата болница. Ветено ми е. Министерот беше, имаме одлична соработка….“

Алсат упати прашање до Министерството за здравство кога планираат да ја завршат болницата во Кичево, но оттаму не добивме одговор.

Miki Trajkoski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button