ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Агелер во „Патот кон“: „Бехтел“ нема поврзаност со компанијата за надзор на Коридорите 8 и 10Д

Амбасадорката на Соединетите Американски Држави, Ангела Агелер, во своето вечерашно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат, меѓу другото, говореше и за важноста на изградбата на Коридорите 8 и 10Д. Запрашана за компанијата за надзор, за која е пријавено дека има криминално потекло и сомнежи за руски пари, Агелер одговори дека тоа е посебно прашање од договорот со „Бехтел-Енка“ кој беше потпишан пред 10-ина дена.

Advertisements

„Многу сме задоволни што ја имаме оваа добро позната и почитувана американска компанија „Бехтел“, која ја покажа својата стручност и способност да завршува проекти со висок квалитет и глобален стандард, во временски рамки и во рамки на буџетот од претходно, како што видовме во Косово со нивниот фантастичен проект таму и проектот на кој работат во Србија. Многу сме среќни што имаме американска компанија присутна во најголемиот инфраструктурен проект. Ова е одвоено од обвиненијата против советниците за финансиски трансакции. Она што постојано го кажуваме е дека доколку има наводи за корупција, истражете ги. Истражете ги сомнежите и доколку се вистинити, покренете кривично гонење! Но, многу сме сигурни дека тие не се за „Бехтел“, изјави Ангела Агелер, амбасадорка на САД.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button