ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Информативни разговори за откривање на групата вклучена во копање на тунелот во Идризово

Полицијата и Обвинителството за гонење организиран криминал се уште работат на откривање на групата за која постои сомневање дека е вмешана во копање на тунелот во затворот Идризово, Скопје. Обвинителството за гонење организиран криминал има остварено повеќе информативни разговори, но неофицијално се дознава дека истрагата во оваа фаза се уште е во фаза на собирање информации.

Во испрашањето на обвинителството се вклучени водечките структури на затворот, судската полиција и некои затвореници. Алсат пред неколку дена ексклузивно објави како е откриен тунелот во затворот Идризово. Неколку лица подолг период работеле на копање на тунелот долг 47 метри. Една од индициите што довеле до негово откривање е фактот дека по набљудувањето на полицијата и безбедносните служби, 20 дена никој не се движел на просторот каде што се вршеле ископувањата.

Информациите се добиени во периодот од 15 до 17 февруари, додека тендерската постапка за фирмата која ќе ги изведе работите во старите објекти и шеталиштето каде што се сомневаше дека постои тунелот за бегство траела еден месец. На 21 март, благодарение на оперативни информации и фактичката состојба во старите објекти каде се извршувале нови работни зафати, е пронајден тунелот.

Повикувајќи се на внатрешната организација на затворот, полицијата сомничи 8 инволвирани лица кои се осудени за тешки кривични дела од 10 години до доживотен затвор.

Адријан Керими

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button