ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Претпоследен ден од изборната кампања за парламентарните избори

Претпоследен ден од изборната кампања за парламентарните избори

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски изјави дека нема да биде изненаден доколку неговата партија и коалицијата на изборите на 8 мај освојат 61 пратеник, колку што е потребно за да се направи парламентарното мнозинство.

Димитар Ковачевски од Кичeвo вети дека доколку СДСМ победи на изборите ќе ги зголеми платите на работниците и ќе ја намали невработеноста.

Во рамки на изборната кампања Билал Касами од коалицијата ВРЕДИ вети дека со нивната програма се предвидени 500 милиони евра за општините со албанско мнозинство.

„Веќе почнавме дел од програмските точки кои се однесуваат на развојот на нашите општини, каде што е предвидено во општините со албанско мнозинство да се издвојат околу 500 милиони евра за инфраструктурни проекти. Тетовци тоа најдобро го знаат и чувствуваат што значи да имаме одговорна власт, власт која реализира проекти во нивни интерес“, рече Билал Касами, ВРЕДИ.

Али Ахмети од Европскиот фронт од Арачиново изјави дека единствен начин да се спречи иселувањето на младите и да се вратат оние кои се во западните земји е членството на земјата во ЕУ.

„Ние имаме речиси половина од населението во Западна Европа, и другите се иселуваат. Како да ги спречиме луѓето да заминуваат и како да ги вратиме оние што се таму. Секако дека има решение, а решението е членство во Европската Унија, исто како што се вратија во своите земји, почнувајќи од Бугарија и завршувајќи со Шпанија“, рече Али Ахмети, Европски фронт.
Јована Мојсоска од Левица во рамки на изборната кампања им порача на идните пратеници да се откажат од патните трошоци.

Кампањата за парламентарните избори завршува утре на полноќ./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button