ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Сајбер напади, институциите без заштита

Сајбер напади, институциите без заштита

Попокрај ветувањата и најавите, Собранието не го изгласа Законот за безбедност на мрежи и информациски системи и дигитална трансформација со кој се предвидуваше формирање на Дигитална агенција. Се очекуваше агенцијата да биде водечка институција во процесот на дигитализација на услугите, обука на граѓаните, но и заштита на институциите од сајбер напади, кои беа чести во изминатиот период. Искра Белчева од Центарот за управување со промени оценува дека волјата на идниот владин состав ќе биде клучна за формирање на Агенцијата.

Белчева оценува дека, сепак, партиите во своите програми промовираат различни идеи за процесот на дигитализација и се надева дека ќе бидат заинтересирани да го заокружат формирањето на Агенцијата.

Агенцијата предвидуваше да покрие четири столба. Сајбер безбедност со цел заштита на институциите, унапредување на дигиталната инфраструктура според европски стандарди, обука на граѓаните и вработените за користење електронски услуги и грижа за софтверски решенија во државните институции. Според проекциите, Агенцијата би ја чинела државата околу 21 милион евра. Со одобрување на законот би се зголемиле и платите на ИТ секторот за да се спречи нивното бегство од државниот во приватниот./Алсат.мк

Суад Бајрами

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button