Нема пријави ниту одговорност за копањето на тунелот во Идризово
Нема пријави ниту одговорност за копањето на тунелот во Идризово

Обвинителството за организиран криминал се уште не излегува со конечната верзија за тунелот во затворот Идризово, а од Управата за спроведување санкции не оценија дали треба да има дисциплински мерки против чуварите. Речиси една недела по откривањето на тунелот нема ниту кривична пријава, ниту дисциплински мерки. Министерот за правда Кренар Лога, очекува полицијата и обвинителството да постапуваат навреме.
Запрашан за трансферот во Косово на членовите од кумановската група, Лога рече дека нивните барања за трансфер треба да се разгледаат поради некои пропусти.
„Го побарав досието. Има одредени отстапки во барањата на затворениците. Истото ќе биде разгледано. Има околу 10 чекори кои мора да се следат до трансферот на истите, но имајте на ум дека е потребна волја од двете страни за тоа да се спроведе на време“, рече Кренар Лога, министер за правда.
Согласно билатералните договори потпишани меѓу двете земји, Законот за меѓународна соработка во кривичната материја и Европската конвенција за трансфер на осудени лица потпишани во Стразбур во 1997 година, услов за трансфер на затвореници од една земја во нивната матична земја е признавањето на обвинението и судската одлука на државата каде што го извршиле делото./Алсат.мк
Адријан Керими