ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

ВМРО: Власта го намести надзорот за градежните работи на автопатите

Тендерите за надзор на работите за коридорот 8 и 10-Д предизвикаа судири меѓу опозицијата и власта и на седницата за пратенички прашања. ВМРО-ДПМНЕ ги повтори тврдењата дека биле прекршени процедурите и оти има неправилности во тендерските постапки за износот од 22 милиони евра.

Advertisements

Опозицијата побара на седницата да дојдат и претставници на Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Но, според вицепремиерот Артан Груби, обвинувањата на пратеникот Лефков се неточни. Тој нагласи дека компанијата што го добила тендерот понудила поповолни услови од американската „Хил“ и француската „Инжерок“.

„Втората понуда, која беше за три милиони евра пониска од првата, беше избрана за најдобра понуда. 25, 22 и ако не грешам 19 милиони евра трета понуда. Ги помина сите филтри во Агенцијата за државни патишта, потоа мораше да помине правна проверка во Бирото за јавни набавки, што исто така го помина, имаше жалби од другите двајца учесници, ‘Хил’ и ‘Инжерок’ и помина во државната комисија за жалби при јавни набавки“, рече Груби.

Но, пратеникот Лефков отвори и дополнителен случај. Имено, побара правосудните органи да ги истражат информациите дека за време на пандемијата биле уплатени државни пари во фирмата на братот на Артан Груби. Вицепремиерот одговори дека фирмата добила поддршка како и сите други за време на пандемијата и најави дека ќе ги тужи ВМРО и Лефков за клевета.

Мефаил Исмаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button