ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Ахмети на средба со огранокот од Сарај, Беџети не дојде

Али Ахмети денеска во седиштето на ДУИ ги повика претставниците на огранокот во Сарај. Се разговарало за внатрепартиските избори за ново раководство. Веќе бил поминат мандатот на координаторите на ограноците, па се тврди дека новите структури немаат врска со поделбите во партијата. Но, на средбата не присуствуваше првиот човек на огранокот и градоначалник на Сарај, Блерим Беџети. Задутре во ДУИ се очекува и нова средба на која би требало да се зборува за барањата на Огнената група. Тоа се одговорност од министрите и разрешување на Артан Груби.

„На средбата се разговараше за внатрешните избори во ДУИ. Како што знаете во 11 ограноци на ДУИ веќе имаме нови претседатели на ограноци. Сега останува овој процес да продолжи во ограноците кои преостанаа, некаде околу 25-26 каде што треба да се изберат нови раководства и претседатели. На оваа средба претседателот нè извести и за одлуката којашто беше објавена пред неколку дена дека го одредил Рафиз Халити за координатор за Сарај. Тој има улога да ги координира дејствијата во огранокот во соработка со сите членови на огранокот и со партиските функционери, сè до изборот на нов претседател на огранокот“, рече Арбен Зибери, ДУИ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button