Шуто Оризари со најмногу вакцинирани деца

Општината Шуто Оризари е општина со најголем процент на вакцинирани деца во цела Македонија, велат лекарите. Во рамки на активностите на Европската недела на имунизација, екипи на здравствениот дом доставија покани до семејствата кои имаа невакцинирани деца. Во текот на денешниот ден тие посетија 15 семејства.
Во Европската недела за подигање на свеста за вакцинација на децата, лекарите потсетуваат дека вакцинацијата во земјава е законска обврска, а непочитувањето на календарот за имунизација се казнува.
Во рамки на Европската недела на имунизација, повеќе од 30 тимови лекари од Здравствените домови ќе ги посетат семејствата кои имаат невакцинирани деца за да ги информираат за придобивките од имунизацијата. Во рамките на овој проект планирано е да се посетат над 2.900 семејства во 20 општини во државата, во кои има помал процент на вакцинирани деца. Како дел од кампањата, постарите лица над 60 години имаат можност да добијат мултивалентна вакцина против Ковид-19 како засилувачка доза.
Вјолца Алити