МАКЕДОНИЈА

Лимани: Али Ахмети има неколку куќи, само една над 500 илјади евра

Потпретседателот на Движењето БЕСА, Фатмир Лимани, во емисијата „ 200“ во Алсат, изнесе сериозни обвиненија против претседателот на ДУИ, Али Ахмети, за кого рече дека е најкорумпираната личност во ДУИ и дека се збогатил илегално по војната. Според Лимани, Ахмети освен куќата и други имоти во Кичево, има и неколку вили на брегот на Албанија.

Advertisements

„Тоа што има вила во заливот Лалзи (Албанија)  сведочат и познатите прислушувања. За тоа дека во Албанија има имот сведочи и документацијата дека на темелите на старата куќа има куќа која чини над 500 илјади евра. Тоа е факт. Дека ја купил земјата на чичковците пред и настрана од неговата куќа, тоа е факт. Факт е дека тој ги дислоцирал чичковците од постојните граници, од другата страна на Зајаc. Факт е дека има вила во Буковиќ . Дека неговото семејство (браќата и децата) го узурпирале сето земјиште во Буковиќ, тоа е факт. Тоа се докажува  и може да се докажува и со друга дополнителна документација “, рече Фатмир Лимани во  емисијата 200 на Алсат.

Лимани вели дека Ахмети не бил богат пред да дојде на власт.

„Остај што не бил богат. Сите сме биле сиромашни и сите се познаваме. Нема да се занимавам со ова. Другата причина поради која го објавив (видеото) беше тоа што целата јавност и пријателите каде што седевме, велевме дека не гласаме за ДУИ туку гласаме за Али Ахмети, дека тој е единствената некорумпирана личност, а излегува дека дури и врвот на раководството на партијата  е нај корумпиран од сите останати“, рече Лимани.

Тој, исто така, зборуваше за потеклото на ова богатство.

„Овие средства и ова богатство доаѓаат од трите хидроцентрали кои се наоѓаат во реката Бачиште, во Кичево и се во сопственост на семејството на Али. Тие доаѓаат од лиценците кои се дадени на неговиот син за производство на електрична енергија. Што значи да се произведе електрична енергија, треба да имате хидроцентрала, електрана и така натаму. Дадена му е лиценца за производител и продавач. Тој има две лиценци. Зошто нема некој друг син, или истакнат инженер“, рече Лимани.

Потпретседателот на Движењето БЕСА рече дека сите овие наводи треба да ги истражи Обвинителството, во кое тој воопшто нема доверба, бидејќи се сомнева дека се контролира од страна на власта.

За себе, тој негираше дека бил корумпиран додека беше заменик-директор на ЕЛЕМ, како дел од ДУИ. „Бог ме чуваше. Ме спаси крвта на татко ми. Јас не сум корумпиран“, рече Лимани во интервју за емисијата „200“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button