ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

По контроверзното разрешување на Дамева, Судскиот совет ќе бира нов претседател

Денеска во 11 часот во Судскиот совет треба да се одржи седница на која, како што е најавено, ќе се избира нов претседател.

Advertisements

Ова следува откако вчера имаше контроверзно разрешување на Весна Дамева од претседателската функција кога нејзиниот заменик Селим Адеми, во нејзино присуство, по неколку часа тензии и караници го презеде раководењето со седницата и предложи да се гласа за разрешување со кревање рака.

Седум члена предводени (Селим Адеми, Миљазим Мустафа, Ханиф Зендели, Мирсад Суроји, Сашко Георгиевски, Лорета Георгиева и Павлина Црвенковска) гласаа „за“ разрешување на Дамева по што заменик-претседателот дека актуелната претседателка е разрешена и веќе не може да раководи со седницата, па ја закажа денешната за избор на нов претседател.

Дамева реагираше дека ова е анархија и со ова ќе бидат среќни некои лица во политиката, но и потенцираше дека станува збор за незаконско разрешување нагласувајќи дека не може да ја разрешат со седум гласа „за“ ако за избор на претседател потребни се осум.

Во слична насока по вчерашното контроверзно разрешување реагираа и адвокати и правници преку објави на социјалните мрежи, како и Коалицијата „Сите за правично судење“ која редовно ги следи седниците на Судскиот совет.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button