ВЕСТИРЕГИОН

Нов извештај за Косово пред Советот за безбедност на ОН

Советот за безбедност на Обединетите нации вечерва ќе расправа за новиот шестмесечен извештај на генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, за работата на Мисијата на ОН на Косово (УНМИК).

На седницата во Њујорк, со која ќе претседава Русија, од 21 часот по средноевропско време, Србија и Косово ќе ги претставуваат министрите за надворешни работи Ивица Дачиќ и Доника Гервала Шварц.

Во извештајот за периодот од 16 септември 2022 до 18 март 2023 година, Гутереш го поздрави Договорот за патот кон нормализација на односите меѓу Косово и Србија и неговиот анекс за спроведување, за кој лидерите на двете страни неодамна постигнаа договор, пренесува Бета.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button