ВЕСТИКлиматски ПромениМАКЕДОНИЈА

АФП: Праисториското Преспанско Езеро во Европа се намалува со алармантна брзина

Истражувањето на кое се повикува НАСА покажа дека езерото изгубило седум отсто од својата површина и половина од својот волумен помеѓу 1984 и 2020 година

Илјадници години Преспанското Езеро беше недопрено. Под притисок на климатските промени, неконтролираното пумпање и загадувањето, ова праисториско езеро во југоисточна Европа се намалува со алармантна брзина.

Advertisements

Се верува дека езерото на тројната граница на Албанија, Грција и Северна Македонија е дом на илјадници животински и растителни видови кои зависат од водата и околните живеалишта.

Високите температури значително го намалија годишното количество снег во областа. Виталните потоци кои се влеваат во езерото пресушија, загрозувајќи ги видовите кои зависат од езерото и блиската вода. Недостигот на врнежи доведе до постојано повлекување на водата, која на места се повлекуваше и до три километри, велат чуварите на паркот.

„Претходно имаше многу повеќе снег кој можеше да достигне метар или метар и половина, додека во последните години речиси и да нема врнежи од снег“, изјави за агенцијата Франс прес (АФП) чуварот Горан Стојановски (38), кој има поминато повеќе од една деценија мониторинг на езерото во Северна Македонија.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button