
Околу 150 медицински сестри, до крајот на годинава ќе ги напуштат работните места за да заминат во Германија. Првиот човек на синдикатот за геријатрија во Скопје рече дека медицинските сестри веќе имаат потпишано договори со германските болници. Ниските плати се меѓу главните причини поради кои синдикалците најавуваат протести и блокирање на главните улици во главниот град додека властите не ги исполнат барањата за зголемување на платите.