ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Македонски граѓани евакуирани од Судан

Министерството за надворешни работи на РС Македонија соопшти дека во текот на вчерашниот ден биле евакуирани четири македонски државјани од Судан, земја која е зафатена од внатрешен воен судар. Според МНР, евакуацијата е реализирана со асистенција на Саудиска Арабија, за што од владиниот ресор велат „упатуваме искрена благодарност“.

Advertisements

„Евакуираните граѓани на Република Северна Македонија во моментот се наоѓаат во градот Џеда, Саудиска Арабија. Нашата амбасада во Абу Даби е во постојана комуникација со тамошните власти, во насока на нивно враќање во Северна Македонија. До сега се евакуирани вкупно 4 879 лица, од кои 139 се Саудијци, а другите се од 96 земји од целиот свет, меѓу кои и од Европа, САД, а од нашиот регион освен Северна Македонија, се и Грција и БиХ“, соопштија од МНР.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button